Македонија

Маж пронашол експлозивна направа во скопско Мирковци

Вчера околу 09.50 часот во СВР Скопје, 38-годишниот Р.Д. од село Бразда, скопско, пријавил дека при вршење ископ со багер во село Мирковци, скопско, пронашол експлозивна направа, извести МВР.

„Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за испукано зрно од граната калибар 75 мм, кое потекнува од Втора светска војна. Извршен бил увид“, соопшти МВР.

На почеток