Македонија

Прегазена жена од Скопје, со тешки повреди пренесена на Клиника

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(44), удрило во пешакот З.Е.(72), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток