Уапсени тројца кумановци, полицијата пронајде марихуана и хероин кај нив
Од
Објавено на
Вчера, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 29-годишниот С.М., 39-годишниот Б.М. и 41-годишниот Б.И., сите од Куманово, затоа што кај С.М. и Б.М. била пронајдена марихуана, додека кај Б.И. бил пронајден хероин.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.