Македонија

Го обвинија Јован без да покажат ниту еден доказ, виновен беше само затоа што е мој син, вели Мицкоски

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ, пишува премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

„Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена. И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи.

Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам. А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина“, вели Мицкоски.

Синот на премиерот Христијан Мицкоски сам си ги платил авиобилетите и сместувањето во Њујорк и Вашингтон за време на самитот на НАТО во јули годинава и не бил дел од владината делегација е епилогот од случајот кој го отвори Антикорупциска по допрен глас.

Јован Мицкоски не бил ни сместен во истиот хотел со владината делегација, туку изнајмил апартман.

„Од приложените фактури се констатира дека ова лице не престојувало во хотелите каде била сместена владината делегација, туку во апартманско сместување и истите не се фактурирани на име на делегацијата на РСМ, како што е случајот со фактурите за хотелското сместување на владината делегација. Истите фактури гласат на име на физичко лице“, рече рече Зоран Богоевски, член на ДКСК.

На почеток