Македонија

Најладно утрово во Берово, најмногу дожд во Лазарополе

Најладно утрово било во Берово каде што се измерени 6 степени, 9 степени било на Попова Шапка, 10 Битола, Струмица, Лазарополе, Крива Паланка, Куманово, 11 Тетово, Гевгелија, 12 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Велес, Кавадарци, 13 Претор, 14 Виница, Дебар.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)

6 Лазарополе, 2 Штип, Охрид, Виница, Прилеп, Крушево, 1 Битола, Дебар, Попова Шапка, Струмица, Гевгелија, Велес, Претор, Демир Капија, Радовиш–Пожар, Кавадарци, Маврови Анови.

Во текот на ноќта беше променливо облачно, утринава зголемена облачност се преместува од западниот кон источниот дел и дува слаб до умерен променлив ветер кој е изразен на поголемите надморски височини.

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Ќе дува слаб јужен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

На почеток