Македонија

Се јави Груби: Укинување на балансерот е само почеток на рушење на еднаквоста

„Укинувањето на инструментот за етничка еднаквост наречен „Балансер“, кој е во согласност со спроведувањето на принципот на правична и соодветна застапеност, произлезен од Охридскиот договор и Уставот од 2001 година, е само почеток на рушење на еднаквоста“, вели Артан Груби, ексфункционер на ДУИ.

„По оваа одлука, на ред е Бадинтер, клучниот инструмент на Охридскиот договор кој спречува мајоризација, надгласување, маргинализација и неправда во Собранието.

На балансерот му претходеше отстранувањето на државното знаме од канцелариите, отстранувањето на албанскиот јазик од државните институции почнувајќи од Претседателот, отстранувањето на Албанците од работните места и раководните позиции, оддалечувањето од Европа и конечно укинувањето на законот за албанскиот јазик во овој уставен суд.

Наша вина е, според опозицијата, што никогаш не го дозволивме ова и што ги направивме Албанците државотворни и горди.озиции, оддалечувањето од Европа и конечно укинувањето на законот за албанскиот јазик во овој уставен суд.

Наша вина е, според опозицијата, што никогаш не го дозволивме ова и што ги направивме Албанците државотворни и горди“.

На почеток