Македонија

Уапсен Турчин на Долно Блаце, приложил фалсификуван пасош

Вчера во 21.45 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.Т.(71) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.

Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции Скопје за понатамошна постапка.

На почеток