Македонија

Уапсени две лица од Непал на Табановце, судија ги протера од државата на една година

Вчера во 09.10 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници ги привеле С.С.(29) и Р.П.(23), двајцата од Непал, кои илегално оствариле влез во државата.

Тие биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово, а судија од Основен суд Куманово по претходна постапка донел пресуда со кое на лицата им се изрекува парична глоба и прекршочна санкција – протерување на странец од земјата во траење од една година.

На почеток