Македонија

Уапсен Србин, илегално ја поминал границата од Грција кон Македонија

Вчера во 20.45 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го привеле М.Н.(36) од Република Србија затоа што илегално ја поминал границата од Грција кон РСМ.

Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија за понатамошна постапка.

На почеток