Македонија

Прегазен малолетник, со тешки повреди пренесен во Ургентен центар Гостивар

Вчера во 08.20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар – с.Градец, во с.Врапчиште, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(42) од гостиварско Здуње, удрил во малолетен пешак.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

На почеток