Македонија

(Видео) Гаши се сретна со претседателот на Меѓународниот одбор на ревизори за НАТО

Претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со претседателот на Меѓународниот одбор на ревизори за НАТО (ИБАН), Радек Висингер, кој е во посета на Скопје.

Соговорниците разменија мислења околу позционираноста и придонесот на Република Северна Македонија во рамки на НАТО, како релативно нова членка.

Притоа, претседателот Гаши изрази задоволство од можноста да се дискутира за опциите за унапредување на соработката и на процесите во земјава, во областа што ја покрива на ИБАН.

На почеток