Македонија

Европскиот Фронт бара оставка од Гаши: Тој ќе остане срам за нашиот народ, за нашата историја

Европскиот Фронт, предводен од ДУИ е револтиран поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во врска со статусот на албанскиот јазик.

Неговото тврдење дека единствениот службен јазик во земјата е македонскиот, а дека албанскиот јазик е „преведен јазик,“ е не само отворена лага, туку и тежок чин на предавство кон албанскиот народ, нашата историја и нашите тешко стекнати права, велат од ЕФ.

„Шокантно е, но не и изненадувачки, што г. Гаши – личност избрана за да служи како марионета во највисоката хиерархија на државата – може да падне толку ниско, достигнувајќи ниво на самопонижување кое дури Овој срамен чин на подаништво и предавство покажува не само недостаток на интегритет, туку и подготвеност за поткопување на уставните принципи на оваа држава само за да ја зачува својата позиција.
Амандманот V од Уставот јасно го дефинира албанскиот јазик како службен јазик покрај македонскиот.
Законот за употреба на јазиците понатаму го консолидира користењето на албанскиот јазик како службен во сите сфери на јавниот живот.
Во пракса, албанскиот јазик е составен дел од институционалната, културната и општествената структура на нашата земја – реалност која не може да биде избришана со ниту еден чин на сервилност.

Со негирање на овие вистини, Африм Гаши не само што го навредува албанскиот народ, туку ја делегитимира и функцијата кој ја има.
Ова е предавство од големи размери. Зборовите на Африм Гаши звучат како реторика на оние кои историски настојувале да ги маргинализираат Албанците, да го избришат нашиот идентитет и да ги потценат нашите придонеси во ова општество.

Африм Гаши не претставува никого освен себеси и тесните интереси на оние кои го поставиле на оваа позиција.Тој не е глас на албанскиот народ и не ги отелотворува нашите вредности, гордост или аспирации. Африм Гаши ја премина границата која ниту еден Албанец не ја преминал. Историјата ќе го памети ова предавство, а албанскиот народ нема да го прости. Бараме негова итна оставка од функцијата Претседател на Собранието.

Тој ќе остане срам за нашиот народ, за нашата историја“, велат од ЕФ.

На почеток