Свет

Почувствуван и во Куманово: Земјотрес во Србија, се тресеше и соседството

Земјотрес кој утрово беше регистриран во Врање, беше почувствуван и во Куманово. Според информациите од ЕМСЦ, јачината била 3,7 степени според Рихтеровата скала. Но освен во Македонија, тој бил почувствуван и во Бугарија, како и Косово.

Според информациите од Републичкиот сеизмолошки завод – Србија, земјотресот се случил во 05 часот утрово. Интензитет во епицентарот беше проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала.

Засега нема информации за штети, иако земјотресите со оваа јачина знаат да предизвикаат.

На почеток