Македонија

(Видео) Незадоволството кај ДУИ останува: протести се можни, нов закон кој е замена за балансерот не ги предомислува

ДУИ остануваат на ставот дека можеби ќе излезат на протести, оти е укинат балансерот кој со години беше злоупотребуван за вработувања во државната администрација. Не се предомислуваат дури ни по најавите дека во процедура влегува носење на нов закон за правична застапеност. Тие не знаат што стои во него.

„Новиот закон за правична застапеност требало да се достави порано. Како што слушаме од сегашните учесници во Владата, тек сега ќе достават предлог-закон. По одлуката на Уставен. Ние ќе ги користиме сите демократски методи за искажување на нашето незадоволство. Во иднина секако ќе Ве известиме за сите работи кои ќе ги преземеме за да излеземе во пресрет на ваквите вредности“, рече Диана Тоска од ДУИ.

Прашана дали ДУИ е против новиот закон за правична застапеност, таа рече: „Требало порано. А не откако ќе се тргне балансерот, да се достави. Не знаеме што ќе содржи тој закон“.

На почеток