Свет

Русија тврди дека освоила село во Запорожје

Русија денеска потврди дека презела контрола врз село во југоисточниот украински регион Запорожје, јавува Анадолија.

Во соопштението за печатот на Министерството за одбрана на Русија, се наведува дека нивните сили го окупирале селото Левадна, на околу 110 километри источно од Запорожје.

Селото претходно беше заземено од украинските сили за време на контраофанзивата на Киев во јуни минатата година, откако за прв пат беше заземено од Русија во раните фази на руско-украинската војна. Запорожје е еден од четирите украински региони анектирани од Русија во есента 2022 година.

Украинските власти сè уште не ги коментирале овие тврдења, а независната проверка на фактите на терен е тешка.

На почеток