Свет

(Видео) Снимен моментот кога Северна Кореја ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Југот

Северна Кореја разнесе делови од пат на својата страна од силно милитаризираната граница меѓу двете Кореи, соопшти началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја, објавувајќи видео од инцидентот.

Околу пладне по локално време, разнесени се делови од патот северно од воената демаркациона линија меѓу двете земји, соопшти Здружениот штаб. Јужнокорејската војска го засили надзорот и подготвеноста да одговори, се додава.

Сеул претходно предупреди дека Пјонгјанг планира да разнесе патишта. Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија откако Северна Кореја ја обвини Јужна Кореја дека испраќа беспилотни летала над нејзиниот главен град Пјонгјанг.

На почеток