Најмалку 22 загинати во шумските пожари кои беснеат во Јужна Кореја

Од
Објавено на

Се зголемува бројката на загинати во шумските пожари што ја зафатија југоисточна Јужна Кореја. Според последните податоци има најмалку 22, но според официјални лица бројката може да е и поголема.
Според официјални лица, пожарите се поттикнати од суви ветрови и долготрајна суша.
Опустошени се илјадници хектари површина, а изгорен е и древен будистички храм.
Храмот Гун во Уисеонг, изграден е во 681 година, е уништен.Историското село Хахо, кое УНЕСКО го прогласи за светско наследство во 2010 година, исто така е загрозено од пламените јазици.
Се урна и хеликоптер во Јужна Кореја додека гасел пожар.
