Свет

(Видео) Хаос на автопат, напаѓач пукал во возила, вознемирувачки сцени од Израел, има загинат

Во пукање на крајбрежниот автопат на југот на Израел, еден маж е убиен, а три лица се ранети.

Како што пренесува Тајмс оф Израел, тешко ранетиот починал при транспорт во болница.

Нападот се случил во близина на раскрсницата Јавне, северно од Ашдод, а лекарот кој го запрел својот автомобил за да им помогне на повредените бил полесно повреден кога во него удрил друг автомобил.

Според првичната истрага, полицијата соопшти дека терористот се приближил до патот пеш, пукајќи во полицаецот, а потоа ги повредил другите четворица пред да биде застрелан од волонтер од брзата помош, кој случајно се нашол на местото на настанот.

Сообраќајот на местото на настанот е запрен, а полицијата ја пребарува областа за да го исклучи присуството на втор напаѓач.

На почеток