Во тешка сообраќајна несреќа во Њујорк загинаа Србинка и Црногорец, се собираат средства за да се донесат телата во нивните држави


Во тешка сообраќајна несреќа во Њујорк, за време на викендот, загинаа Србинката Тамара Лападатовиќ и нејзиното момче, Црногорецот Александар Јокановиќ.
Тамара и Александар биле на мотор во неделата кога автомобил налетал на нив во близина на 3-та авенија на Менхетен, објавија српските медиуми.
„32-годишен маж и 35-годишна жена загинаа откако мотоциклот со кој се возеле удрил во Toyota RAV4 во близина на 3-та авенија и улицата E. 103 во Менхетен околу 4:43 часот“, соопшти полицијата.
Брзата помош пристигнала на местото на несреќата, но можеле само да констатираат смрт на девојката и нејзиното момче.
Од силината на ударот и двајцата починале на лице место.
На веб-страницата GoFundMe се собираат средства за телата на настраданите, Тамара и Александар да бидат вратени во Србија и во Црна Гора.
