Македонија

Уапсен маж од гостиварско, бил баран за издржување затворска казна

Вчера во 16.50 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го привеле С.И.(40) од с.Добридол, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „организирање игри на среќа без соодветна лиценца од надлежен орган“ по член 156 став 3 од Закон за игри на среќа и забавни игри.

Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На почеток