Македонија

Уапсен маж од Гостивар, ограбил викендица во Маврово

Вчера во 11.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишиле од слобода 54-годишниот Р.Ѓ. од Гостивар поради основано сомнение дека во периодот од 11.10. до 15.10.2024 извршил кражба од викенд куќа, при што одзел повеќе предмети.

Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На почеток