Македонија

Изгубил контрола и со мотоцикл излетал од пат: тешко повреден маж од гостиварско

Вчера во 16.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат Гостивар – село Лешница – село Долно Јеловце, Ф.М.(39) од село Здуње, гостиварско, управувајќи мотоцикл „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

На почеток