Македонија

Разрешен судијата Лазар Нанев

Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев е разрешен од функцијата судија.

Судски Совет, донесе едногласна одлука, расправата и одлуката да се водат без јавност.

Лазар Нанев е разрешен од судија, зад затворени врати за да се заштител угледот на сега екссудијата.

Подносител на барањето за одговорност на Нанев е претседалката на Судскиот совет, Весна Дамева.

Според наводите, дознава Скопје1, Лазар Нанев со обвинет во предмет кој што го водел, остварил 95 повици во период од шест месеци во 2020 годинa.

За Нанев имаше две постапки во Судскиот совет за утврдување на негова одговорност.

Втората постапка е дека и го нарушил угледот на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

На почеток