Македонија

(Видео) Русковска: Со Заев не сум правела пазар, но тој ми бараше полесна квалификација на делото за 27 април

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во „Претрес“ кај Ландов.

„Професионално го сработев предметот. Не сум правела селекција. Захарие Симовски беше осуден“, рече Вилма Русковска.

Ландов во емисијата ѝ покажа изјава дека Симовски носел оружје, признал во судница, но бил амнестиран.

Негираше дека имала пазар со Заев. Не одговори конкретно колку пати се слушнала со Заев.

„Заев ми бараше да биде полесно кривично дело за 27 април поради уставните измени”, вели Русковска, но тоа за неа не било влијание.

На почеток