Македонија

Тешко повредена охриѓанка, „мерцедес“ удри во неа додека била на велосипед

На 16.10.2024 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(55) удрило во велосипед управуван од А.Г.Ц.(60), двајцата од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.Ц., констатирани во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На почеток