Мајката на убиеното момче: Зошто го уби мојот син единец? – Коста: Се чувствував отфрлен
Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска продолжува судењето на Милјана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето Коста што уби девет ученици и обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“. Момчето убиец и денеска продолжува да дава исказ во постапката. Со оглед на тоа дека за време на масакрот имал 13 години, нема да сноси кривична одговорност за своето дело.
Денеска му поставуваат прашања родителите на убиените деца. Судењето е затворено за јавноста.
„Мајка ми секогаш бараше да бидам најдобар. Се лутеше и викаше кога не бев најдобар. Бидејќи секогаш бараше повеќе од мене, јас и се лутев. Тоа нејзино однесување влијаеше да го направам тоа што го направив. Да го немав пиштолот на татко ми, немаше да го сторам ова“, изјави денеска пред судот Коста К., пренесуваат српските медиуми.
Кога Сузана Станковиќ Чикиќ, мајката на убиениот Андрија Чикиќ, го прашала зошто и го убил синот единец, тој одговорил: „Се чувствував отфрлен“.
Во тој момент речиси сите во судницата плачеа, пишува српски Телеграф.