Свет

(Видео) Убиен првиот човек на Хамас, објавени снимки од неговите последни моменти

Израел објави дека Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, е убиен во Рафа во Појасот Газа. Израелците тврдат дека цел на нападот биле тројца милитанти и дека не знаеле дека меѓу нив е и Синвар.

Контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ), рече дека израелските војници забележале тројца терористи како трчаат од куќа до куќа во областа Тал Ел Султан во Рафа.

Тој прикажа и видео на кое се гледа како на Синвар му приоѓа дрон. Синвар е маскиран на видеото и има повреда на раката.

Тој фрла нешто што личи на стап кон дронот, пред да заврши видеото.

По убиството на Синвар, израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, рече дека „на злото му е зададен тежок удар, но предупреди дека војната во Газа не е завршена“.

На почеток