🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

За време на викендот се подигнати 60 кубни метри непрописно одложен отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
otpad-deponija-1

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода и Ѓорче Петров.

— реклама —

Во општината Чаир е интервенирано во населбата Серава, како и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана во непосредна близина на скопското Теќе.

— реклама —

Во општината Ѓорче Петров се расчистуваа диви депонии на улиците Борис Сарафов и Лихнида. Екипите на Претпријатието отстранија и приближно 15 кубни метри отпад одложен на јавна површина на улицата Вера Јоциќ во општината Кисела Вода.

Воедно, во текот на викендот се подигнати и околу 10 кубни метри отпад од картонска амбалажа и кабаст отпад одложени на Кејот „13 Ноември“ во строгиот центар на градот, велат од Комунална хигиена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Од 22 до 6 часот без смет: Комунална хигиена ја тестира новата мерка во Скопје

Скопје | пред 1 месец

media-library64igmk16bdlgaC3rvLw

Обвинителите нема да отворат предмет по допрен глас за вработените во „Комунална хигиена“ – ќе чекаат...

Скопје | пред 1 месец

media-libraryesbm7s1q8ihqaBgJ5pd

Нови сомнежи за злоупотреби во „Комунална хигиена“, Ѓорѓиевски побара истрага од институциите

Скопје | пред 1 месец

media-libraryet8eua24cuundYylpvn

Александар Јовановски е назначен за нов директор на „Комунална хигиена – Скопје“

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања