Македонија

На граничните премини уапсени маж од Косово и жена од Словачка, биле барани од Интерпол

Вчера во 12.45 часот на Граничниот премин Јажинце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.К.(40) од Косово затоа што при извршена проверка констатирано било дека евидира со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Австрија. З.К. се обидел да избега, но бил спречен од полициски службеници. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Тетово за понатамошна постапка.

Вчера во 12.45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода И.К.(35) од Словачка, затоа што при извршена проверка било констатирано дека била барана од Интерпол–Словачка. Таа била предадена на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

На почеток