Македонија

Исчезна стружанец, отишол да собира шумски плодови и два дена не се вратил дома

Шеесетгодишниот стружанец К.М. од пред два дена се води за исчезнат во реонот на селото Брчево, информираат од Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвениот крст Охрид.

Стружанецот, според информациите од Секторот за потраги по исчезнати лица при Министерството за внатрешни работи, на 20 октомври излегол од својата куќа во селото и заминал да собира шумски плодови.

Соседите од селото рекле дека К.М. до 16:30 часот не се вратил во својата викенд-куќа.

Лицето за исчезнато било пријавено вчера во попладневните часови.

Според информациите од Планинската спасителна служба, во потрагата по лицето на терен во координација со струшката полиција вклучени се три нивни члена и водич на куче за пребарување од здружението „Куче спасител“ од Охрид.

Од Центарот за управување со кризи денеска, исто така, информираа дека во полициската станица во Струга има пријава за исчезнато лице. Исчезнатиот бил пријавен од неговиот брат Љ.М..

На почеток