Македонија

„Нивните 2.7 километри од пругата за Коридорот 8, ќе ги доправеле ‘најдоцна до 2030’!?! Инаку сега сме 2024“, реагира Георгиевски на изјавата на бугарската министерка

Експремиер Љубчо Георгиевски преку социјалните мрежи реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека тунелот од бугарска страна на Коридорот 8 ќе биде целосно завршен најдоцна до 2030 година.

„Ја слушам министерката за транспорт на Бугарија. Нивните 2.7 километри од пругата за Коридорот 8, ќе ги доправеле ‘најдоцна до 2030’!?! Инаку сега сме 2024. Очигледно и на бугарската политика не им недостасува демагогија“, пишува Георгиевски.

На почеток