(Видео) Мицкоски ја пречека Фон дер Лајен пред Владата со највисоки државни и воени почести


Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред Владата ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со највисоки државни и воени почести.
Таа е во посета на државава во рамки на нејзината турнеја низ шесте земји од Западен Балкан.
Според протоколот, Мицкоски и Фон дер Лајен имаат тет-а-тет средба, по што ќе се одржи и билатерална средба меѓу двете делегации.
По состанокот, во пре-центарот на Владата ќе се одржи и заедничка прес-конференција на премиерот и претседателката на ЕК.
Предвидено е Фон дер Лајен да има средба и со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова.
Претходно, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
