Македонија

Со мотоцикл „бмв“ излетал од патот Маврови Анови – Гостивар, 18-годишникот се здобил со тешки повреди

Вчера во 18.50 часот на регионален пат Маврови Анови – Гостивар, на место викано „Влајница“, 18-годишниот Ј.А. од Гостивар, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски таблички, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.А., констатирани во Ургентен центар во Гостивар.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.

На почеток