Македонија

Уапсен тетовец, баран по потерница за издржување затворска казна

Вчера во 23.00 часот во угостителски објект на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 26-годишниот М.А. од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна.

Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

На почеток