Македонија

Прегазен пешак во Прилеп, со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Орде Тутески” во Прилеп, товарно возило „фолксваген крафтер” со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот П.А. од Скопје, удрило во пешакот, 64-годишниот Љ.П. од Прилеп.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

На почеток