Комисијата за помилување која предложи спас на член на нарко група си даде оставка
По само три месеци работа, Гордан Калајџиев на својот ФБ профил објави дека членови на комисијата за помилување, како советодавно тело на претседателката, поднеле колективна оставка.
“Еве што стои во причините за овој чин кој доаѓа по огромните реакции за помилуваните по повод 23 Октомври, меѓу кои е член на наркокартелот „Барон“:
“Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување.
Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи”, велатПроф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ, Др. Зора Митиќ, М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Ајтен Шаќири.