Македонија

Мицкоски од Кавадарци: Нашите приоритети се развој на економијата, нови работни места – Македонија да биде технолошки тигар на Балканот

Мицкоски ја посети Ми Комерц компанија која се занимава со трговија и производство на алуминиумска браварија. Тој на средбата со сопствениците истакна дека развојот на компаниите е тесно поврзан со економските политики кои ги спроведува државата, но за жал во Република Македонија со актуелната влада на СДСМ и Зоран Заев тоа е невозможно бидејќи владата го оптоварува стопанството со зголемените даноци со кои на сопствениците им го намалува приходот, со што не обезбедува добри бизнис услови за компаниите.

Ми Комерц е успешна компанија со долгогодишно искуство и со огромен потенцијал за развој. Тој потенцијал ќе се развие само доколку државата обезбеди поддршка и добри бизнис услови. Но каква е состојбата денес: владата го оптовари стопанството со зголемени даноци, кој на стопанствениците им го намалуваат приходот, нема реална поддршка на бизнис секторот од државата, ниту пак реално достапни свежи средства кој ќе овозможат дополнителни инвестиции. Нема правна сигурност во бизнисот бидејќи неправдата е основата на која дејствува оваа власт. Државните тендери се доделуваат во сомнителна и коруптивна постапка, додека Македонија е прогласена за една од најкорумпираните држави и се наоѓа во друштво со Свазилен. Кредитниот рејтинг на државата не е подобрен додека бирократијата и понатаму го гуши бизнисот.

Владата ја тргна Македонија од мапата на конкуренти регионални пазари. Неспособност и криминални побуди е основата на дејствувањето во бизнисот на оваа власт. Тоа мора да се промени. Нашите приоритети ќе бидат развој на економијата, отворање на нови работни места, добри бизнис услови и сигурни и повисоки плати, Македонија технолошки тигар на Балканот. Тоа е возможно, и ние тоа ќе го направиме. За да се случи ова потребни се промени, мора да се избориме за правда и достоинство, за подобар живот. Претседателските избори се првиот чекор кон промените, вели претседателот Мицкоски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток