Македонија

Во болницата во Тетово донесени две лица со повреди од пиштол

На 11.03.2019 околу 23.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во
Клиничката болница Тетово биле донесени Ф.В.(26) и А.Х.(22), двајцата од село Вејце, тетовско, кои имале повреди од пиштол. Двајцата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Веднаш се преземени мерки и активности од страна на пполициски службеници кои извршиле увид во објект за видео игри во село Вејце, сопственост на Ф.Х.(42), при што била пронајдена чаура со калибар 9 мм и траги од крв.

Во 23.40 часот во Полициската станица Тетово дошол Н.Х.(25) од село Вејце, полициски службеник кој не бил на работа, кој изјавил дека со неговиот пиштол ги повредил А.Х. и Ф.В.. Н.Х. е задржан во полициска станица и за случајот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток