Се судрија „голф“ и „бмв“ во струшко, четворица повредени
Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат од село Биџево кон село Драслајца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Т.Д. од село Делогожда, струшко и патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 31-годишноот Х.Ш. од Германија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.Ш. и сопатничка од возилото „голф“ А.Д.(28), а со телесни повреди се здобиле Т.Д. и сопатничката од возило „бмв“, А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.