Почина детето кое беше застрелано во главата: полицијата пронашла 20 чаури, откриени детали за хоророт во Грција
Тригодишното дете кое утрово беше застрелано во Грција, починало и покрај напорите на лекарите. Детето е прогласено за мртво набргу по пристигнувањето во болница.
Престрелката во која учествувале повеќе лица се случила утрово во градот Маркопулос.
Според неофицијални информации, во престрелката учествувале патници од два автомобили. Наводно, еден од автомобилите застанал до друго возило, во кое имало и дете, и од засега непозната причина почнале да пукаат. Најмалку еден куршум завршил во детето.
Полициски извор изјави дека на местото на злосторството биле пронајдени повеќе од 20 чаури.
Детето се здобило со прострелна рана во главата, а неговите роднини брзо го однеле тешко рането во најблискиот здравствен дом. Оттаму детето со возило на Брза помош било префрлено во детската болница.
По приемот детето не давало знаци на живот. И покрај напорите на лекарите, кај малото момче набрзо била констатирана смрт.