Свет

Во Нови Сад е прогласена тридневна жалост

Во Нови Сад е прогласена тридневна жалост, поради трагедијата во која загинаа најмалку осум лица кога врз нив се урна настрешницата на железничката станица.

„На територијата на градот Нови Сад е прогласен Ден на жалост, по повод тешката несреќа предизвикана од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, три дена, почнувајќи од 02.11.2024 година. соопштија од кабинетот на градоначалникот Милан Ѓуриќ.

Денеска околу 11:50 часот се урна стариот дел од настрешницата на железничката станица во Нови Сад при што загинаа осум лица.

На почеток