Настрешницата која падна во Нови Сад била тешка 26 тони: сослушани 26 лица, се бара одговорност
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека вчера биле сослушани 26 лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а денеска ќе бидат сослушани уште петмина.
Говорејќи за доказите, Дачиќ рече дека тие се на безбедно место и дека полицијата ги чува.
Ивица Дачиќ изјави дека во 11:58 часот дошла информацијата за падот на настрешницата и дека за 10 минути сите служби за итна помош пристигнале на железничката станица во Нови Сад. Тој додаде дека спасувачите измериле дека тежината на бетонот на едно лице е околу 26 тони.
“Таа беше на самиот ќош на таа ограда. Само главата ѝ беше надвор, се останато беше покриено со бетон. Таа беше жива, гледаше во нас. Спасувачот си го ризикуваше животот, влезе под бетонот, да и даде вода и инфузија, иако целата конструкција можеше да се урне“, изјави Дачиќ.
Како што рече, за жал само тројца, од седумнаесетте лица кои биле таму, преживеале и истакна дека состојбата на повредените е се уште тешка и дека станува збор за тешки физички повреди.
Дачиќ додаде дека на повредениот млад човек и на едното девојче му биле ампутирани двете нозе, додека на другата девојка, која спасувачите првично не можеле да ја видат, туку само ја слушнале под урнатините, била ампутирана раката.
На прашањето кој е одговорен, Ивица Дачиќ рече дека тоа повеќе не е надлежност на Министерството за внатрешни работи, туку дека Обвинителството ја води истрагата.
„По наредба на обвинителот, во просториите на ПУ Нови Сад, со координација на Управата за криминалистичка полиција и во присуство на обвинители, сослушавме дваесетина лица. Станува збор за лица од Министерството. за градежништво, транспорт и инфраструктура, на чело со министерот, државниот секретар, раководителот на секторот за инспекциски надзор, раководителот на секторот за градежна инспекција и градежен инспектор. Значи, пет лица од министерството“, рече Дачиќ.
На прашањето дали некој е приведен, тој одговори дека лицата биле сослушани и пуштени на слобода.
„Директорот и изведувачот, одговорното лице, главниот инженер за извршување на работите, одговорното лице кај подизведувачот, одговорното лице во надзорниот орган, проектантот, директорот на сообраќајниот институт ЦИП… Имаше вкупно 26 интервјуа“, изјави Дачиќ.
Тој додаде дека денеска ќе бидат сослушани уште пет лица, а од Заводот за заштита на спомениците во Нови Сад ќе биде земена документација во врска со согласноста за реконструкција, доградба и адаптација на железничката станица и како што рече, ќе се подигне и документација за периодични прегледи на објектот и ќе се чека наодот на вештачењето.
Зборувајќи за доказите кои се заштитени, Ивица Дачиќ рече дека се работи за метални кабли и дека тие се скриени на безбедна локација за никој да не ги уништи.