Свет

4 години живеел со мртвото тело на неговата мајка, за да ја зема пензијата

Маж од Ријека го прекрил телото на мртвата мајка со ќебиња и ѓубре и така живеел во станот цели четири години.

Обвинителството од Ријека покрена обвинение против 49 годишен маж поради неколку кривични дела меѓу кои и измама и повреда на мирот на покојно лице. Тој четири години живеел со мртвото тело на мајката , за да дојде до парите од нејзината пензија.

На 22 септември 2017, тој предизвикал и пожар во зградата , кој бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите.

На мажот ќе му се суди во отсуство , поради тоа што е во бегство.

На почеток