Свет

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди регионот на Пелопонез во Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 32 километри југоисточно од градот Патра на Пелопонез на длабочина од 73 километри.

Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.

По тој земјотрес, Грција рано утринава беше погодена од неколку помали земјотреси, вклучително и земјотрес со јачина од три степени на околу 20 километри западно од островот Кефалонија.

На почеток