Македонија

Ковачки во седиштето на НАТО: Поздравено е значителното вложување и одвојување на средства на сите земји членки, потенцирана е потребата од континуирана комуникација

Од 3-5 ноември како собраниска делегација, учествувавме на брифинзи во седиштето на НАТО, извести Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Настанот претставуваше уникатна можност учесниците изворно да се информираат за начинот на функционирање и соработката меѓу парламентарниот и владиниот дел на Алијансата, како и за нејзините актуелните приоритети, политики и идни предизвици во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг следната година.

Беше поздравено значителното инвестирање и одвојување средства во делот на одбраната кај сите земји членки, со потенцијал истите да продолжат да се зголемуваат во следните години.

Особено беше потенцирана потребата од континуирана комуникација меѓу земјите членки, координацијата на заедничките активности, како и зголемената соработка со индустријата, како клучни за нивно поуспешно делување“, соопшти Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток