Македонија

Ковачки: Со Платформата 1198 се обврзуваме на 1 милион евра за проекти во Зрновци за нов зелен пазар, изградба на брана на Морошка река и резервоар за водоснабдување во Видовиште

„И покрај опструкциите од централната власт со која се соочува нашиот градоначалник во општина Зрновци, продолжуваат да се реализираат проектите“, вели Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 и додава:

Со Платформата 1198 за општините предвидуваме 250 милиони евра од кои 1 милион ќе се слеат директно во општината Зрновци за нов зелен пазар, за изградба на брана на Морошка река. И секако изградба на резервоарот кај Видовиште.

После промената на власта следува инвестициски бум во општините. Затоа ве повикувам сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројо 2 за промени и реформи во Република Македонија.

На почеток