Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај
Денеска, (30.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, остварија работни средби со раководствата на Полициските одделенија Матејче, Арачиново, и Шуто Оризари, во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори 2024 година, а со цел гарантирање на фер, слободни и демократски избори, како и согледување на постигнатите резултати во првото тримесечје од 2024 година. Притоа, делегацијата од МБР беше информирана за редовно функционирање на локалните штабови во рамки на Оперативниот Штаб на МВР.
Во однос на резултатите на овие организациски единици, безбедносната состојба е стабилна и поволна, а за одбележување се расветлените кривични дела кражба на електрична енергија.
Во Полициското одделение Матејче имаме вкупно 20 кривични дела, од кои 17 се за кражба на електрична енергија, додека во Полициското одделение Арачиново регистрирани се 21 кривично дело кражба на електрична енергија.
Во однос на Полициско Одделение Шуто Оризари, за одбележување се 13 пријавени настани за нарушување на јавен ред и мир, од кои сите се расчистени со поднесени прекршочни пријави. Воедно, имаме 35 кривични дела по службена должност, од кои 6 се расчистени од ЕВР Чаир.
Бојмацалиев на средбите уште еднаш ја потврди заложбата за организирање на европски избори и на колегите им ја потенцираше важноста од работење исклучиво по закон, а со цел гарантирање на безбедноста на изборните процеси.