Македонија

Какво време да очекувате на 1 мај: попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Од пладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Нестабилноста ќе продолжи и во текот на ноќта кон 2 мај.

Што се однесува пак до температурите, тие остануваат без промени и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во Скопје и околината исто така од пладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста е можна и во ноќните часови према 2 мај. Температурата утре во Скопје ќе се искачи до околу 26 степени.

На почеток