„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

„Се прави регионална депонија по европски стандарди“, Министерството за животна средина бара разбирање од жителите на Кочани кои се уште го блокираат патот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-08-121645

Жителите од Кочани продолжуваат со протести на патот кон Пониква, кој води и кон комуналната депонија во близина на селото Бели. Како што најавија блокадите ќе траат деноноќно сè до целосно исполнување на нивните барања.

— реклама —

„Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента кон Пониква, исто така и кон село Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини“, извести АМСМ.

Според жителите чадот од градската депонија во Кочани изминатиот период беше причина за повеќе предупредувачки протести на жителите, кои подолг временски период се соочуваат со овој проблем, а истиот стана сериозен откако на Градската депонија започна да се депонира и отпадот од соседните општини, како дел од обврските што се наметнаа со проектот изградба на регионална депонија кај светиниколско Мечкуевци.

— реклама —

Од Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикуваат жителите на Кочани да имаат разбирање оти државата, како што велат, е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион, што треба да резултира со трајно, одржливо и безбедно управување со отпад.

„Самиот процес е комплексен и опфаќа повеќе работни задачи. Досега се набавени возила и опрема за собирање на отпадот за сите општини во двата региона (вкупно 18) во вредност од 8 милиони евра. Во моментов во тек е затворање на нестандардните депонии и ѓубришта во Источниот Регион, се очекува во најбрзо време да започне и во Североисточниот Регион – Прва фаза (околу 8 милиони евра), а претстои изградба на Централна постројка за управување со отпад која се состои од погон за селектирање, постројка МБТ, депонија, постројка за композитор, зелена точка за Источен и Североисточен регион во Св.Николе и шест локални капацитети за управување со отпад – претоварни станици, постројки за компостирање и зелени пунктови за Источниот и Североисточниот регион“, соопшти МЖСПП.

Оттаму посочуваат дека последните две активности се со вкупна вредност од повеќе десетици милиони евра, за што постапката за јавна набавка е објавена и се очекува договорот да биде склучен, по што се очекува во првата половина од 2025 година да започнат градежните работи. Предвидениот рок за завршување на градежните работи е 18 месеци.

Во втора фаза, следува затворање на сите нестандардни депонии во двата региони, по што целокупниот отпад ќе се одлага на Централната депонија во Св. Николе преку трансфер станиците.

Од министерството нагласуваат дека обврската за управување на општинските нестандардни депонии кои во првата фаза ќе останат отворени (се до изградбата на Централната постројка во Св. Николе) и имаат обврска да го примаат отпадот од веќе исчистените и затворени нестандардни депонии во одреден број општини, останува на општините и јавните комунални претпријатија, а Владата останува посветена да ги помогне со цел воспоставување регионалниот систем според највисоките европски и светски стандарди.

„Во однос на депонијата во Кочани информираме дека таа има обврска да го прима отпадот од општините Виница, Чешиново, Облешево и Зрновци. Свесни за недоволните капацитети за управување со депонијата на Јавното комунално претпријатие што неодамна резултираше со палење на отпадот на кочанската депонија, како Влада излеговме во пресрет и обезбедивме поддршка со механизација за безбедно тековно управување со локацијата во Кочани“, велат од МЖСПП.

Според министерството, пожарите кои се случуваа во минатото не зависат од количината на отпадот, туку од несоодветното управување со локацијата.

За ресорното министерство, забраната за пристап до локацијата за депонирање не е решение и не оди во прилог на почиста животна средина туку само ја влошува состојбата за која веќе се потрошени неповратни средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања