Влошена состојбата на двајца повредени од Кочани кои се во странство, пет се испишани од скопските болници, двајца се враќаат од странство


Пет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани заминуваат на домашно лекување, двајца пак, се враќаат од странство. Четворица пациенти се критични, од кои, кај двајца има влошување на состојбата. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари.
Таравари вели дека за пациентите кои се надвор од државата има кои се интубирани и во тешка, но не и живото загрозувачка состојба. Многу се префрлени на одделенија за понатамошен третман. За пациентите, пак, кои се веќе на домашно лекување, тимови од лекари ќе одат во Кочани за контрола и се што ќе им биде потребно.
„Се уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и животнозагрижувачка состојба“, рече Таравари.
